-->
-->
Захарова: Москва сака да ги унапреди односите со ЕУ
-->
- Русија сака да ги унапреди односите со Европската унија поради нивната важност, а не поради несогласувањата меѓу ЕУ и САД околу иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. - Ние ги цениме нашите односи со ЕУ такви какви што се и повикуваме на нивно унапредување и пронаоѓање начини за надминување на застојот за кој ние не сме виновини, додаде Захарова.
Таа нагласи дека цел на Москва е подобрување на односите и нивно уанпредување на ново ниво, независоно од развојот на настаните во односите на ЕУ со другите партнери.
Захарова истакна дека рускиот став во однос на „неодамна најавените промени во американската политика“ останува ист и тој нема врска со ставот и позицијата на Москва кон ЕУ.
- Сакаме да ги унапредиме односите со ЕУ. Работиме на тоа, не затоа што се влошија нивните односи со други, туку врз основа на политичките, економските и хуманитраните интереси на нашиот народ, нагласи Захарова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

АХВ го затвори пансионот „Ав Aв Хепи Дог“
-

Изменет режим на јавниот превоз и работното време на ЈСП за новогодишните празници
-

Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
-

Засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти: Издадени 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари
-

Индустриското производство до ноември поголемо за 1.9 % во однос на минатата година
-

ДКСК следната година ќе ја следи имотната состојба на 60 функционери
-

Потпишан Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра - ќе се набавуваат електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт
-

Новиот закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
