Захарова: Преговори со Украина во моментов се бесмислени
Москва е благодарна на Турција за нејзиниот предлог да биде домаќин на руско-украински преговори со посредство на Обединетите нации, но разговорите за иницијативата сега се бесмислени, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Волјата за посредување во мировни преговори е секогаш добредојдена, но мислам дека во моментов е бесмислено, дури и теоретски, да се разговара за одговорот на оваа иницијатива – рече Захарова, коментирајќи го предлогот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ги покани Москва и Киев да разговори во Истанбул.
Во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот, Ердоган рече дека може да организира средба меѓу Русија, Украина и ОН во Истанбул и оти е подготвен да „игра улога во потенцијалниот механизам за следење доколку се постигне некаков начелен договор меѓу двете страни“.
Руски и украински претставници последен пат се сретнаа на разговори во Истанбул на 29 март годинава.
Ново на Сител
-
Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок
-
Косово и САД потпишаа договор за борба против манипулирањето на информации од други држави
-
Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница
-
Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти
-
Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас"
-
Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк
-
Првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова во Ватикан и Рим
-
Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа