Зајакнати капацитетите на Работниот комитет за интеграција во НАТО
Работниот комитет за интеграција во НАТО имаше тренинг семинар во Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“ во Гармишпартенкирхен каде членовите на комитетот детално се запознаа со начинот на кој функционира НАТО во однос на внатрешните постапки и процедури на земјите членки.
Членовите на комитетот добија информации и искуства и од некои од поновите земји членки на Алијансата како што се Словенија, Словачка и Хрватска во однос на нивниот процес на интегрирање во НАТОи функционирањето како полноправна членка на НАТО.
– Оваа размена на искуства и добри практики ќе биде корисна бидејќи доаѓа во финалната фаза на интеграција во НАТО на нашата земја. Република Северна Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО и тоа е неповратен процес. Процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО веќе е завршен во 22 земји членки на НАТО. Преостанатите седум земји членки ќе ја завршат ратификацијата согласно нивните домашни политички процеси, велат од владината прес- служба од каде вечерва информираа за овој треминг семинар.
Оттаму велат дека прашањето на полноправно членство е техничко, односно не се очекуваат никакви проблеми со ратификацијата во која била од земјите, единствено е прашање на време кога тоа ќе се случи, зависно од процедурите на институциите во земјите.
Полноправното членство ќе се заокружи кога ќе се заврши ратификацијата на протоколот во сите земји членки, и финално кога ќе биде ратификуван во нашиот Парламент. Процесите на интеграција на последните земји членки траеле од година до година ипол.
Работниот комитет за НАТО интеграција е интер-институционална работна група која е задолжена за изработка и имплементација на Програмата за континуирани реформи за членство во НАТО. Тоа е оперативното работно тело што ги има обврските за подготвува на Република Северна Македонија за членство во НАТО.
Ново на Сител
-

Земјотрес од 7,4 степени во Колумбија, најмалку 20 загинати
-

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички пресметки
-

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица uapseni поради безобѕирно управување моторно возило
-

Побарал возило на заем од познаник, наместо да го врати кажал дека е дефект и го продал на друго лице
-

Подвиг за незаборав - Владо Деловски се искачи на планината каде пред години го загуби својот татко
-

Државни и воени делегации оддадоа почит на загинатите бранители во касарната „Илинден“
-

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, приведен кавадарчанец во алкохолизирана состојба
-

Приведен 18-годишник, осомничен за грабеж на накит од 70-годишна скопјанка
