Закажана пленарна седница за Предлог на законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со скратена постапка

Претседателот на Собранието, Јован Митрески за попладнево закажа пленарна седница на која ќе се разгледува Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка.
Во интервјуза МИА Митрески најави дека ќе свика итна седница за измени во Законот за безбедност во сообраќај и други закони за да се надмине проблемот со возачките дозволи, односно нивната важност што произлезе од примената на Преспанскиот договор. Во Собранието во текот на денот се одвиваа координации со пратеничките групи и со техничкиот премиер Џафери за да се постигне договор и да се реши проблемот.
Џафери од тетовско Селце најави дека ќе оди денеска во Собранието, и оти ќе се разгледуваат можностите за надминување на проблемите со употреба на возачките дозволи и пасошите чиј рок истекува вечер на полноќ согласно Преспанскиот договор. Според најавата на Џафери, можно е некаде да се интервенира со законска измена, а некаде со одлука на Владата.
-Секако дека размислуваме и за законско решение и во текот на денот ќе имаме и соодветна одлука, имајќи предвид дека денеска треба да одам во Собранието поради други обврски. Секако веќе е искоординирано е да имаме заедничка средба, значи со Собранието, со пратениците и евентуални решенија да ги дефинираме како закон, а другиот дел од можните решенија преку одлука на Влада, она што е соодветно и можност да се спроведе и да се изведе, и да ги согледаме сите можности. Секако, работиме на тоа и ќе има соодветна одлука и решение за прашањето коешто се актуелно, истакна Џафери.
Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски на денешната прес-конференција соопшти дека утрово до Владата поднел законски измени на Предлог на законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за патни исправи на државјаните, по скратена постапка. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ овие законски измени утрово ги поднесе до архивата на Собранието и барање за свикување на итна седница за оваа прашање со потписи од 20 пратеници.
Тошковски објасни дека во законските измени треба пермутација на четири бројки во двата закони.
Ново на Сител
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
