Законите за енергетика, за високото образование и за лековите пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 45. седница.
На дневен ред се предлог-законите за странци, за енергетика, измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства, Законот за вработување инвалидни лица, сите во прво читање.
Во второ читање на дневен ред на оваа седница се Предлог-законот за високото образование, измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за Фондот за осигурување на депозити, на Законот за класифицирани информации...
По скратена постапка на дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за ревизија, на Законот за хартии од вредност, на Законот за Кредитно биро, на Законот за технолошки индустриски развојни зони...
Собранието ќе расправа и за предлог-законите за ратификација на Спогодбата меѓу Република Македонија и Република Бугарија за соработка во случај на катастрофи и за ратификација на изменувањата на Протоколот 2 кон Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција.
Пратениците ќе расправаат и за Предлог за избор на неизвршен член на Советот на Народната банка на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
