Loading Video...
Свет
26. November 2020 - 12:19

Заострени рестриктивни мерки во регионот

Се заоструваат мерките за спречување на ширењето на корона вирусот во регионот. 

Од денеска во Црна Гора стапува на сила полициски час, кој предвидува забрана за излегување од дома од 19 до 05 часот наутро и ова ќе важи до 8 декември. 

Во Хрватска во петок на полноќ треба на сила да стапат новите заострени мерки против ширењето на Ковид-19, кои предвидуваат затворање на сите кафулиња и ресторани во земјата кои сепак ќе може да организираат достава нон стоп - 24 часа во денот. Истовремено, загрепската арена се активира како ковид центар, а првите пациенти треба да стигнат утре или за викендот.

Руските воено воздухопловни сили на полигонот Сари Шаган во Казахстан успешно тестираа новобалистичко ракета на рускиот систем за противракетна одбрана, соопшти руското министерство за одбрана. Новата ракета на рускиот систем за противракетна одбрана со сигурност  ги потврди своите карактеристики во серија тестови, јавуваат руските агенции. Претходно тестирање на истиот полигон во Казахстан на новата балистичка ракета беше направена кон крајот на октомври.

Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп вчера го помилува порнешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин кој призна дека лажел во истрагата на ФБИ за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година на кои тој победи. 

-Ми претставува голема чест што можам да објавам дека генералот Мајкл Флин е помилуван. Честитки за генералот Флин и неговото прекрасно семејство. Знам дека ова ќе биде фантастичен ден на Благодарноста, напиша Трамп на твитер.

Трамп го отпушти Флин само 22 дена по доаѓањето во Белата куќа. Во 2017 година Флин призна дека ги излажал истражителите на ФБИ за своите руски контакти.