Започна проектот за регулација на Виничка Река
На пригодна свеченост денеска во Виница беше означен почетокот на работите за регулација на коритото на Виничка Река, проект кој општина Виница го доби со посредство на Источниот плански регион.
- Се работи за проект вреден 4.657.986 денари од кои 3.626.441 денари се средства од Министерството за локална самоуправа обезбедени преку Бирото за регионален рамномерен развој. Општина Виница во реализацијата на овој капитален проект учествува со средства во износ од 1.011.544 денари. Регулацијата на Виничка Река ќе приодонесе за уредување на речното корито и намалување на излевањата од надојдените води кои во горниот дел на градот создаваа проблеми за жителите и нивните домови, истакна Емил Дончев, градоначалник на Виница.
Изведувач на работите е компанијата „Коп инженеринг“ од Скопје.
Должината на коритото кое ќе биде регулирано изнесува 420 метри, а е на потегот од мостот во центарот на градот па кон север до излезот на градот. Според планот, проектот целосно се очекува да биде завршен за четири месеци.
Ново на Сител
-
Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче
-
Почувствуван земјотрес во Скопје
-
Сончево со локална облачност
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници