Започна расправата во грчкиот Парламент за доверба на Владата на Ципрас
Со говор на грчкиот премиер Алексис Ципрас, попладнево започна расправат во грчкиот Парламент за гласање на доверба на Владата.
Претседателот на Парламентот Никос Вуцис на почетокот на пленарната седница, рече дека расправата ќе заврши најдоцна утре на полноќ со гласање на пратениците. Ова предизвика реакции кај опозициските партии, кои бараа расправата да трае три дена колку што е законски најдолгиот дозволен рок, со образложение дека така ќе имаат можност да земат збор што повеќе пратеници, јави дописничката на МИА од Атина.
Овој предлог на опозициските партии беше отфрлен и останува првичната одлука, гласањето да биде утревечер.
Вуцис ги соопшти и денешните промени во пратеничките групи, преминувањето на Аристидис Фокас во Независни Грци и бришењето на Спирос Данелис од Река.
Веднаш потоа на пратениците им се обрати грчкиот премиер и објасни што досега има направено неговата Влада, што е она што треба да го направи до крајот на четиригодишниот мандат и зошто бара обновување на довербата за Владата
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села

