Започна вториот дел од распитот на Ахмети пред Меѓународниот суд за Косово
Интервјуирањето на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети од страна на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, кое започна вчера претпладне во просториите на меѓународната правна мисија на Европската унија во земјата, ЕУЛЕКС, продолжи денеска нешто по 10.30 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Првиот распит на Ахмети се одржа вчера и траеше од 9.30 до 18 часот, кога тој го напушти седиштето на ЕУЛЕКС, без да даде изјава за медиумите.
Како што наведуваат косовските медиуми, Ахмети е повикан од меѓународниот суд, чие седиште е во Хаг, во својство на сведок, како еден од основачите и поранешен член на главниот штаб на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и активен учесник во косовската војна во 1998-99 година. Поканата за интервју на лидерот на ДУИ му е доставена во јули годинава.
Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на судот, а кој во косовската јавност е познат како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии.
Покана да се јават пред Обвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено над 300 поранешни водачи или други припадници на ОВК.
Меѓу последните обвинети се и двајца од основачите и водачи на ОВК, актуелниот претседател на државата, Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово и доскорешен собраниски спикер, Кадри Весели.
Истрагите, како што е најавено, се сконцентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година.
Ново на Сител
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот