Започнаа конзерваторски истражувања во црквата „Свети Димитрија“ кај Велес

Во манастирската црква „Свети Димитрија“ која се наоѓа на влезот на градот Велес стручни лица од Конзерваторскиот центар со финансиска подршка на Министерството за култура започнаа со конзерваторско-истражувачките работи на црквата.
Како што појасни за медиумите Елица Николова, директор на Народниот музеј од Велес, со конзерваторските работи треба да се заштитат вредните фрески од познатиот изработувач на фрески од 19 век, Хаџи Косте Зограф.
Николова истакна дека во оваа прва фаза од реконструкцијата стручњаците од Конзерваторскиот центар започнале со работите на раслојување на фрескоживописот во припратата.
- Сето тоа бидејќи во истражувањата дојдовме до сознанија дека пред горниот слој на малтер на ѕидовите на црквата се наѓа фрескоживописот од крајот на 13 и почетокот на 14 век. По неговото раслојување, овој фрескоживопис ќе и биде претставен и на јавноста, информира Николова.
Таа вели дека за следната година очекуваат и дополнителни средства од надлежното Министерство, за продолжување на работите на конзервацијата прво на фреските од 14, а потоа и од 19 век на Хаџи Косте Зограф кога црквата била обновена.
- Многу е важно ѕидовите да се исчистат од темните наслаги на чад настанати низ вековите, а од кои фреските се одамна непрепознатливи. Воедно потребно е и фасадата да се раслои од слојот којшто е со вар, а со што оваа вредна црква ќе си го врати својот автентичен изглед од средниот век кога била изградена, потенцира Николова.
Општина Велес од програмата за култура од планираните 100 илјади денари веќе за овие работи префрлила 70 илјади денари за конзерваторскиот проект во црквата „Свети Димитрија“.
- Согласно потребите ќе бидат префрлени и останатите пари, а и следната година ќе издвоиме дополнителни средства за продолжуавње на конзерваторските работите на оваа вредна црква за градот, истакна градоначалникот Славчо Чадиев.
Црквата „Свети Димитрија“ кај Велес е позната по тоа што по налетот на Турците во Макадонија била затрупана со земја и така стоела неколку века пред да биде повторно откопана во 19 век. Таа е масовно посетена првиот четврток и петок по Велигден на празникот Источен Петок Балаклија, кој е посветен на Света Богородица. Се претпоставува дека првично црквата и била посветена на Света Богородица на која е пронајдена и фреска на влезот во црквата.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
