Засилена претседателска кампања
Со приближувањето кон крајот на кампањата за првиот круг од претседателските избори се засилува и реториката на седуммината кандидати за шеф на државата. Продлжуваат нивните дневни активности.
Кандидатиката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ вечерва е во Дојран и Гевгелија. Пендаровски поддржан од СДСМ попладнево карванот го почнува во Чашка, а вечерва ќе одржи митинг во Велес.
Максим Димитриевски од ЗНАМ и Стевчо Јакимовски од ГРОМ веќе одржаа прес-конференции со последни пораки за кампањата и предизборни ветувања од Скопје.
Биљана Ванковска веќе имаше средби со граѓани во Виница и Кочани.
Кандидатот на албанската опозиција Вреди Арбен Таравари имаше прес-конференција во Тетово, но и средба со граѓани во Струга. Вечерва во Струга митинг ќе има и кандидатот на ДУИ Бујар Османи.