Засилени контроли во тетовско и гостиварско, еве што откри полицијата
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до основните јавни обвинителства во Тетово и Гостивар поднесе четири кривични пријави против А.Х. (55) и А.Љ. (48) од Тетово, Д.М. (32) од село Камењане и А.Ч. (49) од Гостивар, осомничени за кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по чл.156 ст.3 од Законот за игрите на среќа.
Како што соопшти МВР, пријавите се поднесени по извршени контроли во повеќе спортски обложувалници на подрачјето на Тетово и Гостивар од страна на МВР и екипи на Управата за јавни приходи.
Меѓу нив биле спортска обложувалница „Чампион“ на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, сопственост на пријавениот А.Х., спортска обложувалница „Гол“ во село Камењане, општина Боговиње, сопственост на пријавениот Д.М. (објект и во угостителска функција-чајџилница) на ул.„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, потоа нерегистрирана спортска обложувалница сопственост на пријавениот А.Ч. и спортска обложувалница „Балкан Бет“ на ул.„132“ во Тетово, сопственост на пријавениот А.Љ.
- Управата за јавни приходи записнички констатираше дека пријавените приредувале игри на среќа без регистрирана фирма и без лиценца во просториите коишто ги користеле. Притоа, изготвени се записници за извршената контрола и донесени се решенија со кои се забранува приредување игри на среќа во деловните простории кои ги користеле пријавените во траење од 30 дена, соопшти МВР.
Привремено се одземени и предмети од пријавените: парични средства (вкупно нешто над 50.000 денари), затекнатата документација, (ливчиња за уплата, уплатени тикети, билтени за обложување и друго), како и 19 телевизори, 13 монитори за компјутери, 11 куќишта од персонални компјутери, шест апарати за издавање тикети, четири принтери, два читачи за тикети и еден мал принтер за тикети.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје