Балкан
11. December 2019 - 10:08

Застрелан познат црногорски бизнисмен во Белград: Тргувал со оружје и имал силни политички врски

Познатиот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ е застрелан синоќа во Белгерад. Според првичните информации, врз сопственикот на никшиќки „Нексан“ непознат напаѓач испукал куршум во лобите на хотелот „Краун плаза“ во кој живее. Давидовиќ исто така е познат трговец со оружје со силни политички врски.

Миодраг Дака Давидовиќ е голем ктитор на СПЦ. Во фокусот на јавноста стигна по антибироктратската револуција во Црна Гора во 1989 година, до кога работел како финансиски раководител во железарницата „Борис Кидриќ“ во Никшиќ.

Заедно со сега покојните Павле Булетовиќ и Момир Булатовиќ, инаку прв непосредно избран претседател на Црна Гора, именуван е за началник на Центарот за безбедност во Никшиќ. Беше тоа во времето непосредно пред избивањето на граѓанската војна во тогашна СФРЈ.

Инаку Давидовиќ му е кум на Момир Булатовиќ и беше министер за трговија во владата на САО Херцеговина, а по расколот во некогаш единствениот ДПС бил уапсен од страна на режимот на Ѓукановиќ. Потоа завлезе во сферата на бизнисот и стана донатор на СПЦ и Митрополијата црногорско-приморска. Го изгради храмот Свети Сава на Голија кај Никшиќ. Сопственик е на претпријатието „Нексан“ кое се занимава со производство на вина и алкохолни пијалоци, но и со високоградба. Во сопственот на компанијата на Давидовиќ „Нексан“ е и хотелот „Адмирал“ во Будва кој од запуштена состојба пред две години го купи од руската Метропол група.

Пред 7 години српскиот партијарх Иринеј го одликуваше Давидовиќ со Орденот Свети Сава од прв степен, а пред три години на празникот Свети Василиј Острошки, од митрополитот Амфилохие доби Орден на Светиот крал Милутин за немерлив придонес кој го дал во обнова на манастирот Острог и православните светилишта ширум Црна Гора.

на Давидовиќ е пукано најверојатно од снајпер, а на Нов Белград е пронајден запален автомобил „рено“, во кој е пронајдена и снајперската пушка. Дака бил во друштво со владиката Будимјанско-никиќки Јоаникиј. Давидовиќ не е животно загрозен. Полицијата изврши увид на местото.