Затвор Скопје ги спроведе препораките од Управата за извршување санкции

Казнено – поправната установа Затвор Скопје во најкус можен рок и во целост ги реализирала задачите дадени од Управат за извршување на санкциите по однос инцидентите во одделението за притвор случени на ден 21.02.2019 година.
Ова го покажува контролниот стручно-инструкторски надзор извршен на 15 овој месец, по усна наредба на Директорот на Управата за извршување на санкциите.
При надзорот од страна на службени лица е изготвен записник и разговор со директорот на КПУ Затвор Скопје – Ѓоко Котевски кој, како што информираат од Управата за извршување на санкциите, посочил дека во најкус можен рок е постапено и реализирани се задачите дадени со Наредбите со бр.08-385/2 од 26.02.2019 година, дадени од директорот на Управата за извршување на санкциите по однос инцидентите во одделението за притвор склучени на ден 21.02.2019та година.
Надзорот, информираат од Управата, покажал дека:
– На сите шеталишта е поставено дополнително рефлекторско осветлување со што е овозможено подолго користење на истите во текот на денот, а поставена е и нова безбедносна мрежа на истите.
– Исто така со Наредба од директорот на КПУ Затвор Скопје, доделени им се дополнителни задолженија на командирите на смена и нивните заменици во затворската полиција по кои треба да постапуваат при приемот на новодојдени осудени и притворени лица кои според нивна проценка претставуваат ризик по безбедноста на КПУ Затвор Скопје, а исто така наредено им е и детално евидентирање на настаните во одделението за притвор.
– Заради детално истражување на случувањата од 21.02.2019 година, директорот на установата формираше комисија за испитување на причините кои доведоа до случување на настаните и како резултат од работата на оваа комисија, директорот веќе има донесено решенија за изрекување дисциплинска санкција за некои од припадниците на затворската полиција, додека против некои од нив, дисциплинските постапки сеуште се во тек, информираат денеска од Управа за извршување на санкциите.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
