-->
-->
Затворени улиците пред Бакингемската палата по нападот во Берлин
-->

Улиците пред Бакингемската палата од денеска ќе бидат затворени за време на смената на стражарите, а таа мерка е воведена по нападот со камион на божиќниот базар во Берлин, во кој беа убиени 12 лица, соопшти лондонската полиција.
Полицијата нагласи дека таа мерка е неопходна поради тоа што таа локација привлекува голем број посетители.
Затворањето на улиците секако било планирано, но оваа мерка е воведена порано поради нападот во Берлин.
- Со затворањето на улиците ќе има и дополнителни безбедносни мерки за да се осигура безбедноста на стражарите, се додава во соопштението.
Полицијата наведе дека разгледува уште некои безбедносни мерки, бидејќи е проценето дека „има голема можност да дојде до терористички напад“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
