Затворите во Романија имаат недостиг од 8.500 места

Системот на затворите во Романија има дефицит од 8.500 места, кога се земаат предвид барањата на законодавството во областа на човековите права дека секој уапсен има право да располага со минумим четри метри квадратни, изјави заменик-генералниот директор на Националната администрација на затворите Дан Халкин.
Тој забележа дека најлесно решение за покривањето на тој дефицит е изградба на дополнителни блокови во веќе постоечките институции за задржување, а не создавање на нови затвори.
- Во споредба со минатата година има потреба од поголем буџет, наменет за инвестиции. Имаме дефицит од 8.500 места за сместување, ако ја земеме предид површината од четири квадратни метри, според стандардите наложени од Европскиот суд за човекови права, посочи Халкин.
- Изградбата на нови блокови во рамките на веќе постоечките институции е полесниот пристап. Нема да има потреба од вработување на дополнителен персонал, за разлика од варијантата со изградбата на нови затвори на други места, каде за секој би требало по најмалку 300 вработени, истакна заменик-генералниот директор на Националната администрација на затворите во Романија.
Халкин додаде дека основниот проблем со кој се соочил системот на затворите минатата година, бил недостаток на персонал поради масовниот одлив на кадри.
Темата за недостиг на местата во затворите во Романија стана актуелна откако министерот за правда Флорин Јордаке ја истакна како мотив за усвојување на вонреден декрет за помилување на илјадници осудени.
Проектот предизвика мноштво критики и масовни протести во целата земја.
Ново на Сител
-

Игокеа го назначи Перо Антиќ за амбасадор на клубот
-

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани
-

Словачка Амбасада: Од 17 март нов директен лет Братислава-Охрид, нов чекор напред кон зајакнување на билатералните односи
-

Од 14 до 16 март Кочани ќе ја одбележи првата годишнина од трагичниот пожар во „Пулс“
-

Трамп: Не знам доволно за нападот врз училиштето во Иран, истрагата е во тек
-

Претрес на поранешниот ранч на Џефри Епстин во Ново Мексико
-

Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
-

Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“
