Затворски полицаец нападнат од осуденик во КПУ Затвор-Штип
Затворски полицаец во КПУ Затвор-Штип бил вербално па физички нападнат од осуденик, при што добил исеченица на главата.
Кривичното дело било извршено вчера околу 9 часот, а нападнатиот вработен во затворот го пријавил случајот во 9.32 часот во СВР Штип.
Како што информира МВР денеска во дневниот билтен, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип, заедно со други затворски полицајци, на осуденикот му наредил да го предаде мобилниот телефон.
- Бил вербално нападнат од истиот со закани по неговиот живот и животот на неговото семејство. Потоа со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда-посекотина, соопшти МВР.
За настанот е запознат Јавен обвинител од ОЈО-Штип и се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани
-
Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани
-
Финците по осми пат најсреќната нација во светот, Македонците 86-ти на листата
-
Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро
-
Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински дрон
-
Лишен од слобода 44-годишен маж, пренесувал мигранти од Египет
-
МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани
-
Најстудено утрово во Берово со минус осум степени