Завршени 64 проценти од автопатот Демир Капија-Смоквица

Од изградбата на автопатската делница Демир Капија - Смоквица, дел од Коридорот 10, досега се завршени 64 проценти. Најголем напредок од 97 проценти има кај изградбата на подпатниците, реализацијата на изградбата на тунелите е 80,86 проценти, изградбата на шесте моста е завршена со 62,55 проценти, а кај петте надпатници градежните работи се завршени со 44 проценти.
Градежните работи на оваа делница долга 28,18 километри се очекува да заврши во 2016 година, а денеска како се одвиваат градежните работи увид изврши премиерот Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисалјовски.
На трасата повеќе од половина или 57,41 отсто се завршени и градежните активности за земјитени работи, тампон, асфалт и слично.
Договорената вредност на проектот е 210.148.177.23 евра. На целата делница ќе има два тунели, шест мостови, пет надпатници и седум подпатници. Изведувач на работите е грчки Актор.
Премиерот Никола Груевски во рамки посетата во овој регион ја продолжува со увид во градежните работи на изградбата на спортската сала во село Миравци, присуство на пуштање во употреба на фабрика за текстил – Дока текстил во село Миравци и посета на реконструираниот објект на средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.
Ново на Сител
-

Орбан: Украинското раководство ја премина границата, Унгарија е цел на напади со денови
-

Зимската бура во САД усмрти над 50 луѓе
-

Европа со највисока стапка на пушење во светот - Балканот предводи со двојно повисоки бројки од западноевропските земји
-

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ, Украинците ќе донесат војна
-

Скопје почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар
-

Трамп: Куба е на „раб на пропаст“
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Драмата во Малме меѓу Шведска и Унгарија со нерешен резултат
-

Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
