Македонија
27. April 2016 - 22:00

Заврши протестот на „Протестирам“ во Скопје

Заврши вечерашниот протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“ во Скопје со кој се бара повлекување на одлуката на претседателот на државата за аболиција, негова оставка и повлекување на одлуката изборите да се одржат на 5 јуни.

И денеска протестот почна пред Специјалното јавно обвинителство, по што учесниците се упатија пред Собранието на Република Македонија, од каде заминаа пред Владата.

Учесниците на протестот фрлаа бои на платна со ликовите на Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов поставени пред Владата, а претходно положија цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред македонското Собрание по повод 111-годишнината од неговата смрт.