Заврши состанокот на 14. Мешовит парламентарен комитет РМ-ЕУ
На вториот ден на 14. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и ЕУ - Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација се дебатираше за меѓуетничките односи, соседството и регионалната соработка, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, законот за употреба на јазиците и за активностите по самитот во Трст, во рамките на Берлинскиот процес.
Пратениците од македонското Собрание и пратениците на Европскиот парламент со мнозинство гласови усвоија Завршни препораки до институциите на Република Македонија и на Европската Унија. Од македонска страна на состанокот учествуваат пратениците Горан Милевски, Антонијо Милошоски, Жаклина Лазаревска, Реџеп Мемеди, Бетиан Китев и Ејуп Алими.
Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страната на македонскиот Парламент, на состанокот било нагласено дека битни елементи на процесот на проширување на ЕУ се добрососедските односи и регионалната соработка и биле поздравени повеќе регионални иницијативи и процеси кои му даваат дополнителна динамика и импулс на процесот на проширување.
Во однос на меѓуетничките односи во Република Македонија, како што стои, беше нагласено дека имплементацијата на Рамковниот договор е нераскинливо поврзана со процесот на европската интеграција на земјата. Целосната имплементација на Договорот била оценета како камен темелник за понатамошно градење на демократско општество со мултиетнички карактер, како рамка за обезбедување на иднината на демократијата во Македонија и овозможување на развојот на поблиски и поинтегрирани односи помеѓу Република Македонија и евроатлантската заедница.
„Берлинскиот процес“, како политички процес, се наведува во соопштението, беше опишан како комплементарен на евроинтеграцискиот процес, со цел да обезбеди рамка на меѓусебно помирување на земјите од Западен Балкан по пат на тесна регионална соработка, а во насока на достигнување на економски развој и раст, отворена пазарна економија, односно постигнување на забрзан реформски напредок во интерес на поскора интеграција кон ЕУ.
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски во посета на Австралија
-
Без струја делови од Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром
-
Нетанјаху ја поздрави идејата на Трамп за евакуација на Палестинците од Газа
-
Аргентина ќе забрани операција за промена на полот и хормонска терапија за деца
-
Според извори на Ен-Би-Си, американската војска планира да ги повлече силите од Сирија
-
ФТ: ЕУ се подготвува да ги погоди големите технолошки компании како одмазда за тарифите на Доналд Трамп
-
Мајк Џејмс стана првиот член на „клубот 5.000“ на Евролигата
-
УЕФА ја казни Рома и делумно го затвори стадионот Олимпико