Заврши „Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија
Со настап на повеќе изведувачи на просторот пред црквата „Свети Спас“, заврши и вториот викенд од големата летна забава „Супер Скопје“, којa се одржа во Старата скопска чаршија.
Настапија Офкестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц (Студени нозе). Претходно, во петокот на плоштадот „Скендер бег“ скопјани можеа да ги проследат настапите на Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ.
Наредниот викенд забавата ќе продолжи на улицата „Македонија“, каде на 1 септември ќе настапат Ди Џеј Дела, Ај Кју и Каролина Гочева. На 2 септември ќе настапат, Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе.
Манифестацијата почна минатата недела на Кејот „13 Ноември“. Проектот „Супер Скопје“ се реализира по иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Главен организатор е Конгресниот центар „Александар Македонски“. Деновите кога се одржува „Супер Скопје“, работното време на угостителските објекти е продолжено за еден час.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови