Македонија
12. July 2020 - 17:01

Завршни пораки од Заев и Мицкоски во Дневникот во 19, активности на носителите во 2. и 3. ИЕ од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Носителите на листи ја бараат довербата од гласачите на последниот ден од изборната кампања. Со активности во изборните единици ги испратија последните пораки пред гласање. Носителот на 2 ИЕ од СДСМ Оливер Спасовски на средба со жителите од Куманово порача гласањето е безбедно и граѓаните да излезат за да го изберат правиот пат.

Во истата изборна единица и ВМРО ДПМНЕ ги испрати завршните пораки од кампањата. Во Куманово на средби со граѓани беше носителот на листа во 2 изборна единица од ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски. Тој од младите побара поддршка за обнова на Македонија за проектите со кои ветува обнова во културата, судството, здравството и во инфраструктурата.

Во среда граѓаните се пред одлука дали ќе се заштитат од ковид вирусот или ќе остават неодговорни луѓе да донесат хаос порача носителот на листата во ИЕ 3. Љупчо Николовски побара од гласачите во источниот крај на земјава да им доверат чист мандат на СДСМ.

Довербата од гласачите ја побара носителот на листа во ИЕ 3 Игор Јанушев кој оствари средба со медицинскиот персонал во Штип и слушна за проблемите со кои тие се соочуваат. Ја побара довербата од штипјани да гласаат за плус 50 проценти на плата на сите здравствени работници кои се справуваат со епидемијата.

И во останатите изборни единици денеска се одржуваат последните средби и митинзи на двете партии.