Македонија
26. May 2020 - 19:38

Завршни зборови на обвинителството во случајот „Рекет“

Чантаната Луј Витон полна со пари, завршила во домот на родителите на Боки 13, тврди во својот завршен збор обвинителката Русковска. Во судница покажа фотографија од човек кој седи со скрстени нозе и предмет за кој рече дека е чантата која се гледа на снимката од домот на Камчев. Со друга видео снимка го негираше тврдењето на Јовановски дека истата чанта била вратена кај Камчев.

„Обвинетиот Бојан Јовановски во својата одбрана наведе дека сега осудениот Зоран Милевски дека на 21 или 22 февруари торбата Луј Витон ја враќа во куќата на сведокот Камчев. Ова го прикажавме со цел да и докажеме на јавноста дека тоа не е точно. Они заедно доаѓаат во куќата на Камчев и сега осудениот Зоран Милевски носи ташна, црна со големи рачки која и по изглед и по големина многу се разликува од торбата Луј Витон“, изјави Вилма Рускоска, Јавен обвинител. 

За адвокатот на Јовановски, дополнително прикажаните материјали е незаконско.

„Сега на мала врата да се доставува тој доказ за јавноста да види што и како е вратено, а притоа да се вадат само извадоци од 21.02 а не и 22.02 кога обвинетиот Бојан тврди дека е вратена чантата Луј Витон во куќата на сведокот сметам дека е сосем незаконски“, изјави Сашко Дуковски, Адвокат на Бојан Јовановски.

Според Рускоска обвинетата Јанева е се уште во филмот „Чарлиеви ангели“. Смета дека алчноста за пари ја натерала специјалната обвинителка да премине на страната на неправдата. Им забележа на адвокатите дека водат неодбранлив предмет.

„Не браниме ништо што не е одбранливо. Катица Јанева, верувам дека нема ниту еден доказ со кој што се потврдува било што од обвинителниот акт“, изјави Дељо Кадиев, Адвокат на Катица Јанева.

Судењето за „Рекет“ продолжува со завршни зборови на Јовановски и Јанева на почеток од идниот месец по што ќе следува и пресуда.