Завршува Вевчанскиот карневал
Со палење на маските и традиционалното василичарско оро во центарот на Вевчани, се спушта завесата на Вевчанскиот карневал.
Вевчанци и годинава ја покажаа својата смисла за хумор, исмејувајќи ги општествените и политички случувања минатата година, а идејата за отварање на музеј во муликултурниот центар каде туристите во текот на целата година ке можат да видат и да доживеат делови од традицијата, карневалот и од историјата на Вевчани дополнително ќе допринесе за привлекување посетители.
Театарот на отворено симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Во 1993, Вевчанскиот карневал официјално стана дел од Светската федерација на карневалски градови.
Инаку, најстарата традиција е карактеристична по уникатните маските кои се држат во тајност и непредвидливиот креативен дух на василичарите и веднаш по завршувањето започнуваат идеите за следната година. Откако постои Вевчани, од тогаш постои и карневалот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
