Зечевиќ: Жената е херој, ние сме нејзиниот глас и поддршка
Жената е херој и има посебна симболика кога ова го говорам во Прилеп - Градот херој, затоа што жените-хероини од Народно ослободителната борба, беа рамноправни партизани и родољуби, храбри и пожртвувани, еднакви и силни, кои со пушки в рака беа на браникот на татковината, порача генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски на Осмомартовскиот марш на Форумот на жени на СДСМ.
“Оваа саможртва е драгоцено наследство и нè задолжува сите нас многу повеќе да бидеме гласноговорници за родовата еднаквост. Треба повеќе да зборуваме и да делуваме за нашите секојдневни жени-хероини, знајни, но многу повеќе незнајни. Нив ги среќаваме дома, на работа, на улица, во продавница... тие се тие кои водат секојдневни човечки битки за себе, за семејството, за своите блиски. За жал, за нив малку се говори. Затоа, ние цврсто стоиме зад нив. Нашите политики стојад зад нив. Ние, социјалдемократите, сме нивниот глас, нивната поддршка, како што тие се наша инспирација и поддршка, секој ден“ истакна генералниот секретар.
Зечевиќ посочи дека СДСМ го слуша и цени гласот на жената и постојано работи на унапредување на роводата еднаквост.
„Конечно, ние жестоко верувааме во важноста на учеството и застапеност на жената во политичките процеси! Женските гласови мора да се слушнат во процесите на донесување одлуки на сите нивоа, од локална до централна власт. Ова значи зголемување на бројот на жени на избрани позиции и обезбедување дека нивните перспективи се сфаќаат сериозно. Сето ова, ние го спроведуваме во политиките на СДСМ како организациски и програмски стандарди. И постојано ги подигаме тие стандарди“ порача Зечевиќ.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
-

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
-

Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода
-

Дронови над главниот град на Русија и откажани летови, се огласи градоначалникот на Москва
-

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 164 загинати
