Зеленски: Руските сили го уништија градот Бахмут на истокот на Украина
Руските сили го уништија градот Бахмут на истокот на Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски, а украинската армија тврди дека Русија продолжува со воздушните напади во неколку делови на земјата.
Како што јавуваат странските агенции, битката сè уште е фокусирана на четирите региони претходно анектирани од Русија.
Зеленски рече дека ситуацијата „и натаму е многу тешка“ во неколку градови на фронтот во регионите Донецк и Луганск во Источна Украина.
„Бахмут, Соледар, Марјинка, Кремина. Одамна нема повеќе живот на земјата во овие области оштетени од гранати и оган. Окупаторот го уништи Бахмут, уште еден град кој руската армија го претвори во изгорени урнатини“, рече Зеленски во своето видео обраќање.
Генералштабот на Украина соопшти дека во текот на ноќта имало околу 20 воздушни и повеќе од 60 ракетни напади низ Украина.
Портпаролот Олександр Штупун рече дека најактивните борби се воделе во областа Бахмут, каде биле погодени повеќе од 20 населени места.
Ново на Сител
-

Нестабилно време во Охридско-преспанскиот регион, променливото време продолжува до петок
-

Најмалку 13 лица загинаа во експлозија во гасниот комплекс „Рас Лафан“ во Катар
-

Багаи: Принципот „обврска за обврска“ е водечки во преговорите со САД
-

МВР: Вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода
-

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати
-

МВР: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило
-

Монументална статуа на Меси тешка 70 тони
-

Фон дер Лајен по објавата на оставката на Кир: Благодарение на вас, безбедноста во Европа и Украина се зголеми
