Зеленски се надева дека новата британска премиерка ќе и помогне на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изрази надеж дека новата британска премиерка Лиз Трас ќе и помогне на Украина „да ги осуети деструктивните напори“ на Русија.
„Верувам дека заедно ќе можеме да направиме многу повеќе за да го заштитиме нашиот народ и да ги осуетиме сите деструктивни напори на Русија“, рече Зеленски во видео-обраќањето објавено преку социјалните мрежи. Зеленски додаде дека „се радува“ на идната соработка со новиот британски премиер, чија земја покажа поддршка за Украина уште на самиот почеток на руската инвазија на 24 февруари. Поранешниот британски премиер Борис Џонсон беше популарен во Киев поради неговата силна поддршка за таа земја против Русија.
Џонсон трипати ја посети Украина во периодот од почетокот на руската инвазија. За време на неговата последна посета на 24 август, на Денот на независноста на Украина, Џонсон го доби Орденот на слободата, највисокото украинско одликување што може да му се додели на странец.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје