Свет
20. May 2022 - 16:31

Зеленски: Ситуацијата во Донбас е пекол

Русија ги интензивира нападите во источниот украинскиот регион Донбас и ги спречува цивилите да избегаат, обвини Украина.

- Синоќа 12 цивили загинаа во бомбардирањето на градот Северодоњецк, рече претседателот Зеленски. Се пожали дека ситуацијата во Донбас е пекол. Рускиот министер за одбрана изјави дека руската армија заедно со проруските сепаратиси продолжуваат да ја прошируваат контролата врз териториите на Донбас, додвајќи дека ослободувањето на Републиката Луганск е при крај. 

А во челичарницата Азовстал во Мариупол се уште има непознат број украински борци. Тие денеска добиле наредба од украинските власти да се предадат на руската армија. До вчера над 1700 борци се предале. Повредените се префрлени во руските болници до Доњецк каде добиваат третман, соопшти руското Министерство за одбрана. Властите во Москва одбиваат да кажат дали борците од Азовстал ќе бидат третирани како криминалци или заробеници.