Македонија
1. February 2025 - 16:34

Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите

Со години ревизирите детектираат лица во државните институции кои земаат плата а нема евиденција дали и што работеле. Последниот ревизорски извештај кој во ПИОМ откри 206 вакви договорци на дело, не е единствен. Оттаму велат дека ваквите договори не се спорни бидејќи Фондот има сериозен недостаток на кадар, но спорно е што за дел од нив не успеале да најдат никакви докази за извршени работни обврски.

ПИОМ не е единствената институција каде ревизорите откриле фантомски вработувања.

Вакви пробелми детектира и еден ревизорски извештај пред повеќе години дури и во самата Агенција за вработување. Но од ДЗР велат дека нивните надлежности завршуваат тука, извештаите ги доставуваат до сите надлежни институции.

Според информации од ПИОМ пак, договорите на овие 206 лица се истечени во јуни минатата година и тие повеќе не се дел од Фондот. Сепак фондот и натаму работи со една третина помалку кадар од потребното, па во моментов течат обуки за нови 20 договорци на дело.