Земјоделските субвенции може да се исплаќаат, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд на денешната седница донесе конечна одлука за укинување на оспорените одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, со што треба да се овозможи исплата на земјоделските субвенции.
Одлуката на Судот ќе важи од денот на објавување во Службен весник на Република Македонија.
Минатата недела Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста, односно донесе времена мерка за запирање од извршување на оспорените одредби со кои се забрануваше исплатата на земјоделските субвениции до формирањето на новата влада.
Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од земјоделското здружение „Агротиквешија“ со која се бараше оспорување на членот од Изборниот законик, според кој е забранета исплата на субвенции до формирање нова влада.
И покрај врмената мерка, согласно деловникот на Уставниот суд, Министерството за финансии немаше законско право да ги исплаќа субвенциите до носење на конечна одлука од страна на Судот.
По официјално објавување на конечната одлука на Уставниот суд, од Министерството велат дека ќе нема законски пречки и ќе пристапат на исплата на субвенциите.
Ново на Сител
-

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп
-

Приведен дваесет и петгодишник од Малтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
