Балкан
19. October 2021 - 10:11

Земјотрес од 6,1 степен во морскиот дел јужно од грчкиот остров Карпатос

– Во морскиот дел во Источниот Медитеран, југоисточно од грчките острови Крит и Карпатос, утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 6,1 степен, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос.