Свет
10. July 2017 - 9:01

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени ги погоди Филипините

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтерова скала го погоди денеска централниот филипински остров Лејте, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот на потресот се наоѓал во близина на градот Ормок, на длабочина од 12,7 километри под површина на земјата.

Засега нема податоци за евентуални жртви, ниту причинета материјална штета.

Минатата недела Филипините беа погодени од земјотрес со интензитет од 6,5 степени, во кој две лица загинаа, а 72 се повредени.