Loading Video...
Свет
22. September 2021 - 12:20

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди Мелбурн

Земјотрес со јачина од околу 6 степени по Рихтер утрово е регистриран во близина на австралиската метропола Мелбурн.

Засега нема информации за повредени лица, туку е регистрирана само материјална штета. Епицентарот бил во близина на руралниот град Менсвилд на околу 200 километри североисточно од Мелбурн на длабочина од 10 километри.

Австралиските медиуми јавуваат за урнатини на улиците во Мелбурн, а луѓето во северните делови на градот останале без електрична енергија.

Засега не е издадено предупредување за цунами.