Свет
24. May 2020 - 18:31

Земјотрес во Иран, најмалку шестмина повредени

Најмалку шест лица се повредени во земјотрес со интензитет од 5,2 степена според Рихтерова скала, кој денеска го погоди југозападниот дел на Иран, изјави портпарол на иранскиот Црвен крст.

Според наводите на спасувачките служби, во потресот се оштетени голем број станбени објекти.

Земјотресот се случи во провинцијата Кожилујех и Бојер Ахмад, а епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри под површина на земјата во близина на градот Догонбадан, каде живеат 94.000 жители.