Земјотреси вечерва почувствувани во Охрид и Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва31.01.2022 година регистрираше земјотреси 100 km јужно од Скопје кои потекнуваат од епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата два беа почувствувани: првиот земјотрес во 21 часот и 7 минути со локалнаРихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IVстепени според Европската макросеизмичка скала и вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степениспоред истата скала. Земјотресите беа почувствувани од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

ОЈО Скопје поднесе обвинение против тројца за тешка кражба во „Железара“
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
