Зголемен број нови случаи на Ковид-19 во Грција и на Кипар

Во изминатите 24 часа во Грција беа соопштени 78, а на Кипар 25 нови случаи на Ковид-19, со што регистриран е зголемен број на позитивни случаи на дневна основа и во двете земји.
Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 78 нови заразени, од кои десет по направените тестови на влезните точки во земјата, а во изминатите 24 часа починаа три лица.
Бројката на нови случаи е највисока во изминатите пет дена, а од понеделникот до денеска се регистрирани вкупно 287 новозаразени.
Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 4.477 заразени со Ковид-19, а починаа 206 лица.
Министерството за здравство на Кипар соопшти 25 нови случаи од 1.850 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.114 лица.
Бројката на новозаразени на Кипар е особено висока, со оглед на тоа дека во изминатиот период, дневните случаи се движеа од нула до шест.
Ново на Сител
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
