Македонија
8. March 2018 - 10:11

Зголемени водостоите на реките, Вардар излеан кај Јегуновце

Тројно зголемено во однос на просекот за март е нивото на Треска кај Македонски Брод, а водостоите на Вардар, Пчиња и Сатеска се удвоени, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Нивоата на Крива Река, Брегалница и Црна Река не бележат поголеми отстапувања.

УХМР утрово соопшти дека реката Вардар наместа возводно и низводно од Јегуновце повторно е излеана.