-->
-->
Зголемено ниво на комунална бучава во Куманово
-->

Регистрирано е зголемено ниво на бучава во речиси сите мерни места во Куманово, односно на десетте крстосници опфатени со мерењата што ги извршиле екипи на Центарот за јавно здравје.
Специјалистот по хигиена од оваа јавна здравствена установа, доктор Мимоза Величковски, денеска информираше дека граничните вредности се зголемени од пет до десет децибили над дозволеното ниво.
Најголем причинител за бучавата е сообраќајот, по кој следуваат градежните активности, рестораните, верските објекти, веселбите... Колку од бучавата населението перцепира зависи од тоа колку време поминува во домот, каква е звучната изолација, ориентираноста на зградата, а важно е и во кој период е бучавата, изјави Величковски.
Најниско ниво, според правилникот, е потребно да има во првиот степен каде што се сместени здравствените установи, додека највисокото е дозволено во четвртиот каде се сместени индустриските зони.
Здравствените ефекти од преголемата изложеност на населението од бучавата коишто ги предизвикува зголемената комунална бучава, додава др.Величковски, се одредуваат според индикаторите за бучава.
- Тоа е пореметување на сонот, потешко заспивање, будење во текот на спиењето и појава на возмениреност, објасни Величковски.
Постојат, објасни, и други фактори кои одредуваат колку бучавата влијае врз популацијата, а тука, е и субјективното чувство за бучавата и колку влијае вознемирувачки. Вознемиреноста од бучавата, укажа Величковски, може постепено да доведе до зголемувањето на крвниот притисок, незадоволство, неуспешност во работата, слаба концентрација кај учениците во текот на работниот ден.
Како што истакна Величковски, студијата којашто ќе ја прават во соработка со локалната самоуправа најдобро ќе покаже кои се здравствените ефекти кои ги предизвикува зголемената бучава врз популацијата.
Мерењата на бучавата се спроведуваат два пати годишно на десет локации во градот, одредени во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
