Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити

Педесет и шестгодишна жена од Пробиштип пријавила дека бил измамена од едно лице за сума од 1.434.000 денари. Измамата ја пријавила вчера во 13 часот во ОВР-Пробиштип. Секторот за внатрешни работи во денешното соопштение информира дека според пријавеното, на почетокот на јануари 2025 година лицето телефонски стапило во контакт со неа и ја известило дека е по потекло од Штип, дека живее во Велика Британија и дека во неговата агенција стигнал документ со кој се потврдува дека таа е наследник на 590.000 евра, кои биле во криптовалути и доколу сака да ги земе ќе мора да плати одредена сума на пари.
- Како што е пријавено, лицето ја убедило да инсталира неколку апликации и да подигне кредит од финансиско друштво од 250.000 денари, кои веднаш ги преземал преку една од апликациите со која имал контрола над нејзиниот телефон. Исто така, според пријавеното, на почетокот на февруари, таа извадила извод од банка и констатирала дека преку електронско аплицирање, а без нејзино знаење и одобрение биле подигнати два кредити од банката во вкупен износ од 1.184.000 денари, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Во соопштението се наведува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Трамп во Белата куќа ќе ги прими Нетанјаху и Зеленски
-

Запленети 5.000 штеки цигари вредни девет милиони денари на ГП „Богородица“, приведен е возачот
-

Мбапе им се обрати на Французите по СП 2026 година: Се вративме дома без трофеј, и ќе биде вака уште некое време
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
