Живот
22. October 2020 - 11:26

Жена од Тексас се породила во сон

Секоја мајка размислува за тоа како ќе изгледа нејзиното породување. Во надеж се да помине во најдобар ред и породилните маки да бидат што помали е сон на секоја трудница. Таква ситуација и се случила на мајката Лаури Томпсон од Тексас, која на 9.октомври била примена во болница за индуцирано породување. Лаура дошла во шест часот наутро и добила епидурална анестезија околу пладне. После тоа, ништо не се случувало, раскажува таа.

Лекарите неа и на нејзиниот сопруг им советувале малку да отспијат, додека не почнат трудовите. Парот заспал околу 22 часот, но набрзо ги разбудила медицинската сестра која влегла во собата за да провери дали има некакви промени.

“Ме разбуди, ми ја тргна прекривката и викна: ‘бебето е во кревет!’ и веднаш повика доктор“, раскажува Лаура.

“Искрено не мислев дека ова е можно. Почнав да се смеам кога го здогледав синот. Тоа момент не можам да го опишам. Му дадовме име Џонс“, вели среќната мајка.