Балкан
30. March 2025 - 13:22

Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш

Деканката на Филозофскиот факултет во Ниш денеска беше повредена во напад со нож од страна на женско лице и итно префрлена во Ургентниот центар.

Инцидентот се случил за време на собир на студенти и други граѓани пред протест закажан за напладне во тој град.

Засега непозната жена извадила нож и ја повредила во раката додека деканката Наталија Јовановиќ се обидела да се одбрани. Жената која нападнала упатила навреди кон деканката и ѝ рекла дека „ја завела ќерка си да им се придружи на студентите“.

Присутните студенти брзо ја совладале жената.