Балкан
2. February 2017 - 15:32

Жени зад решетки: На робија поради убиство на мажите, тука се породуваат...

Во Тузла се наоѓа единствениот затвор за жени на територијата на Босна и Херцеговина.

Екипата на ТВ Хајат го посети женскиот затвор и разговараше со осуденичките.

Ова се нивните сведочења и некои се шокантни.

Секоја осуденичка има своја тешка приказна.

-Ни јас не сум свесна што се случи, но сега е доцна. Имав мала расправа со мажот и го удрив со нож, вели една осуденичка.

-Ние сме сестри по болка. Најтешко е да пронајдеш зборови за да утешиш некој кој е неутешен. Тоа е патење кое се преживува секојдневно, тоа е како да вадаш гној од рана. Само што ќе зарасте, пак повторно гнои, вели една затвореничка.

Едина Бркиќ, е стражарка во затворот и таму работи веќе 20 години.

-Во моментите кога ќе се роди бебе жално е што детето мора да биде тука. Сешто човек тука ќе се нагледа, вели Едина.

За осудените жени во овој затвор се организирани разни секции. Зад решетките затвореничките раѓаат и растат деца, но и уште нешто.