Македонија
16. January 2025 - 12:35

Живот зависен од батерии

Пациентите со механичка поддршка на срце бараат лекот ентресто да биде ставен на позитивна листа.Тие лекот кој им е неопходен го купуваат на приватно, за среќа моментално го има кај нас и немора повеќе да патуваат за да го набават но е двојно поскап отколку во соседните земји.

Ситуацијата на овие лица е крајно тешка а нема ни трансплантации.

Врзани со механичка пумпа 24 часа, овие лица се комплетно зависни од напојување, батериите и струјата, кои значат живот.

Во државава има 25 пациенти кои живеат со помош на механичка пумпа, но бројката постојано се менува.