-->
-->
Животна партија на Самарџиски против МЗТ
-->
МЗТ Скопје во петокот попладне беше поразен од Мега Лекс во рамки на четвртото коло од АБА лигата. Натпреварот во Сремска Митровица заврши со резултат 82:70 (8:26, 30:16, 27:15, 17:13).
Македонскиот шампион го заврши мечот со двоцифрена негатива, иако во 11 минута водеше со дури 20 разлика.
Главни причини за овој пораз треба да се барат во бројните грешки и недоволно ангажираната одбрана.
Мега Лекс до триумфот го предводеше македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски со 22 коша и 10 скока. Покрај македонскиот центар, кај Мега Лекс се истакна уште Луваву-Кабарот со 15 поени.
Луковиќ и Љубичиќ со по 16 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје.
МЗТ има скор од една победа и три порази, а следните натпревар го игра против Игокеа на домашен терен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Со поддршка од Европскиот фронт донесен Законот за реорганизација на Владата
-
Гаши: Не верувам дека има друг кој ја сака Македонија повеќе од мене
-
Инцидент во Кичево и препишување на вториот испит од државната матура
-
Сите за правично судење: Оставки за враќање на довербата во Судскиот совет
-
Пред стартот на жетвата на пченица земјоделците бараат утврдување на производна и откупна цена
-
Каналот Студенчишта и ова лето паркиралиште за пловилата
-
Преглед на вести од светот