Македонија
27. July 2017 - 16:25

11 Албанци протерани од Македонија под сомнеж дека ја потпалувале струшката депонија

11 албански државјани протерани од земјава , тие добија забрана за влез во рок од една година по претходно изречена опомена од Основниот суд во Струга и поднесени пријави за илегален влез и нелегална работа.

На 25 ти овој месец полициските службеници затекнале неколку семејства од ромска националност до депонијата каде имале направено импровизирани живелаишта и од каде собирале пластичен отпад ,истиот ден поради можна поврзаност со случениот пожар, повикани се на разговор во полициската станица.

 Посебен полициски тим сеуште ги утврдува околностите дали нивното присуство е директно поврзано со палењето на дивата депонија.

Инаку струшката депонија која завчера беше запалена а градот во екот на сезоната беше облеан во густ чад и неријатна миризба и денеска сеуште тлее а во континуитет чади повеќе од три месеци.