Македонија
7. August 2021 - 17:10

11 лица до сега уапсени за предизвикување пожари

11 лица се приведени досега поради сомнение дека предизвикале пожари на повеќе локации во земјава. Еден од нив сам се пријавил во полиција а МВР дополнитело истражува уште три осомничени лица, информираат од таму.

За пожарот кај ОХИС полицијата соминичи  35 годишен кавадарчанец дека го предизвикал пожарот додека ја заварувал оградата во кругот на фабриката.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Во врска со настанатите пожари во с.Погулево и Дамјан, лишен од слобода е еден маж кој  откако ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен, приведен и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Исто така од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп лишен од слобода  е 34 годишен маж  од Прилеп, кој пак се сомничи дека го подметнал пожарот на место викано Дабница и за него се подготбвува соодветна пријава.

Претходно полицијата приведе албански државјанин кој се соминичи дека го предизвикал пожарот над село Пожаране, а полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарите кај Блаце и Старо Нагоричане.