Македонија
1. May 2020 - 16:40

110 деца заразени со корона во Македонија-речиси сите со полесни симптоми

Бебето родено пред 18 дена кое е хоспитализирано во болницата во Козле поради висока температура, нема Ковид-19. Тоа е и најмладиот сомнителен пациент тестиран за присуството на корона вирусот. Негативни се тестовите и на уште две бебиња на кои им биле земени брисеви пред два дена, и сите три од Ковид центарот во болницата се префрлени во друг оддел.

„Ова новороденче беше примено со многу висока температура која достигнуваше и до 40 степени, имаше сува надразнителна кашлица и пневмоничен наод“, вели др. Ангелчо Андоновски, директор на болницата за белодробни заболување кај деца во Козле.

-Дали беше тестирана и мајката?

„Беше тестирана и мајката и двата теста се негативни“.

- Синоќа во болницата во Козле биле хоспитализирани 2 бебиња на три и осуммесечна возраст со висока температура. Им биле земени брисеви кои треба да покажат дали имаат Ковид-19. Изминатиот период во оваа установа биле направени околу 50тина тестирања од кои само кај 4 дена тестовите биле позитивни на корона вирусот.

Статистиката во Инситутот за јавно здравје покажува дека вирусот досега е дијагностициран кај 110 деца, од кои поголем број биле на домашно лекување. Педијатрите велат дека младата популација е поотпорна на вирусот, иако и тие можат да завршат со дијагностички наод на масивна пневмонија како резултат на Ковид-19.

„Самиот факт дека тие не одат во училиште и градинки, подругиот имунитет кој се кова со седењето дома кога родителите добро ги хранат и се грижат за нив, доведе до тоа да го пребродиме овој период со мал број, па дури и оние деца кај кои е дијагностициран Ковид 19, поминаа со лесна клиничка слика“, вели Андоновски.

Во моментот дете со потврден Ковид-19 нема ниту во болницата во Козле, ниту пак на Клиниката за инфективни болести.