Македонија
14. March 2016 - 16:30

112 поранешни професионални војници добија работа

112 поранешни професионалци од Армијата повторно беа вработени. 112 семејства повторно добија сигурна егзистенција. По даденото ветување на Владата  следеше и реализација, војнците ги потпишаа договорите за работа во присуство на премиерот за спроведување на изборите и министерот за одбрана. Димитриев им честиташе на војниците и рече дека Владата и во иднина ќе биде нивниот искрен партнер и ќе продолжи со посветена работа , нови проекти и мерки со практикување на политика на отворени врати и блискост со граѓаните.

Познавајќи ги вашите одлични работни навики, вашето одлична подготвеност и посветеност докажана како во земјата, така и надвор во мировните мисии, убеден сум дека одлично ќе се снајдете на новите работни места на кои ќе бидете распоредени и оти институциите во кои ќе продолжите да работите добиваат исклучително професионален кадар. Голем дел од проблемите ги решивме, многу прашања ги затворивме, многу процеси значително ги придвижуваме, преку постојани средби, заедничка работа и заедничка желба и посветеност за подобрување на состојбите во АРМ.

СО одлуката која ја донесе Владата за вработување на овие поранешни професионални војници се предвидува тие да го продолжат работниот однос во некоја од државни институции. Вработувањето го добија во зависност од местото на живеење и степенот на образование и професионалното искуство. Војниците с е благодарни што Владата смогнала сили како што велат да го реши овој горлив проблем кој се провлекувал 6 години.

Изминативе неколку години се решија повеќе проблеми како времетраењето на договорот на професионалците, од 35 на 45 годишна возраст и вработување по завршување на договорите. И овие 112 поранешни војници во АРМ се дел од оние лица кои го исполниле договорот за служба во армијата и потоа останале невработени.