Македонија
30. May 2018 - 21:40

12 годишно дете е најмлад пациент во Македонија со мултиплекс склероза

12 годишно дете е најмлад пациент во Македонија со мултиплекс склероза. Веќе е регистриран на Клиниката за неврологија и ја прима соодветната терапија. Инекции и лекови добиваат уште 411 лица а во државата со МС има повеќе од 1200. Според невролозите кај дел од нив не делува терапијата а за дел нема доволно буџет.  Подобрување на дијагностичките процедури, пристап до нови лекови и поажурни институции е барањето на пациентите со оваа дијагноза. На Наташа Црвенкова од Битола која 16 години живее со мултиплекс склероза, животот и е отежнат откако болеста почнала да напредува и веќе користи ортопедско помагало.

- Не може ниту финансиски да се издржи. Јас не работам, не сум веќе способна а и нема каде да работат. Поднесував еднаш барање за инвалидска, сега ќе поднесам пак и се надевам ќе добијам, вели Наташа Црвенкова од Битола

Симптомите на мултиплекс склероза се различни и според невролозите колку порано ја постават дијагнозата толку подобро.

- Може да чувствува изнемоштеност наутро кога станува, проблеми со видот, концентрација и слично, вели Иван Барбов од Клиника за неврологија.

Според статистичките податоци од мултиплекс склероза повеќе заболуваат жените од мажите а просечната возраст на новодијагностицираните е 30 години.