Македонија
8. February 2021 - 11:50

121 санкции за возење под дејство на алкохол

Во периодот од 20.00 часот на 07.02.2021 до 02.00 часот на 08.02.2021 полициските станици за безбедност во сообраќајот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Притоа, биле санкционирани 121 возачи кои возеле под дејство на алкохол, од кои најголем број (30) на територијата што ја покрива СВР Битола, 18 на територија на СВр велес, а по 14 на териториите на СВР Скопје и СВР Штип.

Санкционирани се и 261 останати прекршоци.